Loading Video...
Спорт плус
15. јуни 2018 - 16:36

Одбојкарите мотивирано тргнуваат по златото во Европската Сребрена лига

 
Македонските одбојкари против Хрватска ќе се борат за место во финалето на Европската сребрена лига. 
 
Генерацијата предводена од капитенот Никола Ѓорѓиев верува дека конечно ќе успее да се израдува на трофејот во ова натпреварување, во кое зад себе веќе има три финалиња. 
За остварување на целта неопходна ќе биде и поддршката од трибините. 
 
„Доаѓа најдоброто и најубавото, она за што трениравме од 8 мај, она за што зборуваме цело време уште од кога го добивме Ф4. В петок се среќаваме со Хрватска, ја посакувавме, ја знаеме повеќе од Белорусија. Ги познаваме нивните играчи, го имаме Љафтов кој беше таму, нашиот селектор исто така таму беше тренер. Се надевам дека в петок ќе бидеме во максимална форма. Во овие денови да се фокусираме на нашите предности и со срце да успееме да победиме, а потоа да размислуваме за сабота и за злато. Наш сон е златен медал. Оваа генерација која игра од 2013 година заедно, им го пренесува победничкиот менталитет и на новите момци. Имавме одлични подготвки и го заслужуваме златниот медал и мислам дека ќе го оствариме тоа“, вели капитенот, Никола Ѓоргиев.
 
Мечот меѓу Македонија и Хрватска кој ќе се игра во СЦ Кале ќе започне до 20 часот, а претходно во полуфиналето ќе играат Белорусија – Летонија. 
 
Утре (Сабота )
 
3.место  _________ - _________ 16 часот 
 
Финале  _________ - _________ 19 часот