Loading Video...
Спорт плус
17. August 2018 - 14:15

Одбојкарите ја чекаат Украина во меч од квалификациите за ЕП

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, која пред два дена ја победи Унгарија на гости со 3-2,  и ја оствари првата победа во квалификациите за ЕП, веќе утре ја очекува вториот меч. 

Во Скопје во меч од 2.коло на Ф групата гостува селекцијата на Украина, која во првата рунда на домашен терен ја победи Швајцарија со максимално 3-0. 

Утрешниот меч меѓу Македонија и Украина ќе се игра во СЦ „Кале“ со почеток од 20 часот5 и 30 минути. 

Првиот круг од квалификациите за ЕП 2019 година, црвено-жолтите ќе го заокружат со двомечот против Швајцарија првиот во Скопје на 22-ри, а вториот на гости закажан за 25 август.

Македонските одбојкари последните два натпревара од квалификациите ги играат против Украина на гости на 5 јануари 2019 година и на домашен терен против Унгарија на 9 јануари, следната година.

На Европското првенство ќе се пласираат првопласираните осум селекции од секоја квалификациска група, како и петте најдобри второпласирани.

Првенството ќе се одржи следната година во септември во Франција, Холандија, Белгија и Словенија.