Македонија
26. јуни 2022 - 17:02

Одбил да застане и се обидел да прегази полицаец во Неготино

На 25.06.2022 во 23.00 часот во Неготино од полициски службеници од Полициска станица Неготино е лишен од слобода И.С.(20) од Неготино, затоа што управувајќи патничко возило „голф“, со неготински регистарски ознаки, одбил да застане на даден знак за запирање и се обидел со возилото да удри полициски службеник кој извршувал службени дејства, информираа од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.