Одбиено барањето за прекинување на „Титаник“ и изземање на обвинителката Стефанова
Со презентација на докази на Специјалното јавно обвинителство, во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Титаник“ за изборни нерегуларности во кој се осомничени поранешни министри, градоначалник, полицајци и други функционери.
Пред почетокот на главната расправа судијата Осман Шабани го одби барањето на адвокатите Димитар Дангов и на Дончо Наков за прекинување на постапката до разрешување на состојбата со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која според нив е единствено надлежна да ги застапува предметите на СЈО.
Претседателот на судечкиот совет го одби и барањето на бранителот на дел од обвинетите Еленко Миланов за изземање на обвинителката Лиле Стефанова од предметот.
Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.
Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
Ново на Сител
-
Бугарското МНР подготвува нов документ за односите со Македонија
-
Германски новинари згрозени до бесчуствителноста - Како дом на депортирани евреи стана културен центар на Ванчо Михајлов
-
Даночната реформа на Бесими носи нови даночни основи
-
Патници од Македонија поради расипан автобус ноќта ја поминале на автопат во Србија
-
Активен пожарот кај Фурка
-
21 година по убиството на бранителите кај Карпалак нема достоинствено спомен обележје
-
Најголем дел од ковид позитивните се граѓани кои се вратиле од годишен одмор
-
Со филмот „Раката на господ“ на Паоло Сорентино ќе се отвори фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола