Македонија
17. March 2016 - 17:01

Одбележан денот на крводарителите

Со повеќе активности денеска  се одбележа 17 Март – Денот на крводарителството во Република Македонија.

На  промотивниот  штанд  волонтери од Клубот на крводарители на Црвениот крст на Град Скопје и „Клуб 25“  делеа флаери и даваа информации за крводарителството, а медицински лица од Институтот за трансфузиона медицина  определуваа крвна група на граѓаните.

Поетесата и крводарителка Лилјана Јаневска во оваа пригода прочита стихови од песната ,,Црвено злато,, посветена на крводарителите.

На овој ден во 1945 година е формиран и Црвениот крст на Република Македонија, кој ќе го одбележи основањето и Денот на крводарителството  со пригодни активности .