Од утре трето теренско прскање против комарци во општина Гевгелија
Општина Гевгелија најави дека од утре до среда на подрачјето на целата општина ќе биде извршено третото теренско прскање против комарци во соработка со Регионалниот центар за јавно здравје.
– На критичните места на територија на општината, од крајот на март до средината на април, беа извршени две ларвицидни прскања против комарци на површина од 10 хектари крај вода и водени пространства кои дадоа одлични резултати, информираат од општината.
Третото теренско прскање ќе се врши во вечерните и раните утрински часови, поточно во периодот од 23 до 05 часот наутро поради што се предупредуваат пчеларите да преземат мерки за заштита на пчелните семејства.
Од општината најавуваат дека ќе следуваат и неколку авионски прскања против комарци кои годинава општината ќе ги организира самостојно, затоа што ефектите од заедничкото прскање со општините од југоистокот биле многу слаби на територијата на општина Гевгелија.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар