Бизнис
25. January 2022 - 20:22

Од утре речиси 330 илјади пензионери ќе добијат зголемени пензии за 3%

Од утре речиси 330 илјади пензионери ќе добијат зголемени пензии за 3%.

Станува збор за редовно порамнување, кое се прави 2 пати годишно, согласно порастот на трошоците за живот. 

Зголемувањето е во просек за 460 денари, а најниските - до 11.000 денари ќе бидат повисоки за  304 денари. 

Минимална пензија земаат скоро 90 илјади лица. Предвременета исплата значи дека Фондот е во добра кондиција, вели првиот човек на ПИОМ.

-Со самата исплата на јануарските пензии во истиот месец, однсоно пред време покажуваме дека буџетот на Фондот е во добра кондиција. Пензионерите воопшто не треба да стравуваат за нивните пензии, изјави Билјана Јовановска, директор на ПИОМ.

Речиси 234 илјади пензионери земаат пензија до 18.000 денари. Над оваа сума се 95 илјади. Но има и такви  чии месечни пензии се до 57.000 денари. Кај нив зголемувањето ќе биде највисоко.

-Највисоко зголемување ќе иам кај пензиите од 44.000 до 57.000 денари. Такви се 1.340 пензионери, кои месечно ќе добијат од 1.700 денари, додава Јовановска.

Следното зголемување, односно порамнување ќе биде во јули.