Бизнис
13. October 2018 - 18:54

Од понеделник стартува грејната сезона

Од понеделник топли радијатори. Почнува новата грејна сезона . БЕГ се обврзува температурата  во домовите  да  биде  најмалку 21  степен доколку  времето биде по студено  

Ако температури се пониски во текок на регулираниот период ќе се испорачува поголема количина топлинска енергија за да се обезбеди конфор и топол дом односно темепратурите во домаќинствата нема да бидат пониски од 21 степен.  Во услови на потопло време и  повиски надворешни темепратури во текот на денот кога  не е  потребно греење, се прекинува испораката со топлинска енергија и веднаш по падот на температурите греењето повторно ќе биде вклучено, се вели во дописот од БЕГ.

Потрошувачите во текот на грејната сеозона која според правилникот зваршува на 15 април добиваат и податок за потрошената топлинска енергија.

Ако до крајот на сезоната е потрошена повеќе топлинска енергија од онаа што е авансно наплатена разликата ќе биде распределан на три еднакви рати и ќе биде фактурирана во сметките за мај јуни и јули кога се врши порамнувањто на сметките. Ако пак во авансните сметки е пресемтано повеќе од она што е потрошено  во тој случај разликата ќе биде вратена на потрошувачот.

Градското парно го користат околу 60 - илјади домаќинства.

Во август годинава беше направена и нова корекција на цената со која греењето поевтини за 3,1 процент

Ирена Чачкова Сител Телевизија