Свет
19. December 2020 - 9:02

Од почетокот на пандемијата со коронавирус во светот се заразиле над 76 милиони лица

Во светот досега, од почетокот на пандемијата во февруари годинава, со коронаворусот се заразиле точно 76.013.847 лица, а во моментот од нив се активни 21.050.440 инфектирани случаи, покажуваат последните податоци на веб-страницата на „Worldometers“.

Од Ковид-19 досега умреле вкупно 1.681.255 лица, а 53.2282.152 заздравеле од болеста.

Најголем број на потврдени случаи има во САД – 17.888.353, Индија – 10.004.825, Бразил – 7.163.912, Русија – 2.791.220 и Франција – 2.442.990.