Македонија
22. јуни 2020 - 12:28

Од ноќеска нестабилно време, поројни дождови, грмежи и засилен ветер

Обилни врнежи со над 20 литри на метар квадратен во форма на невреме, најавува УХМР.

Како што соопшти, во текот на ноќта и утре времето ќе биде облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има пообилни врнежи со електрични празнења и засилен ветер.