Од „јазлеста кожа“ заболени 62 говеда, сомнителни 829
Заклучно со денеска, вкупно 62 говеда се заболени од „јазлеста кожа“, а афектирани или сомнителни се 829, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Досега се заклани и нештетно уништени 362 грла, а се утврдени 53 жаришта во 14 општини, Демир Капија, Штип, Радовиш, Делчево, Босилово, Василево, Дојран, Ново Село, Валандово, Пехчево, Берово, Виница, Гевгелија и Македонска Каменица.
- Бројот на заболени и афектирани животни е 0,3 отсто од вкупната популација говеда во земјава што е многу помалку во споредба со соседните земји (Бугарија и Грција) каде бројката достигнува до 7,5 илјади, информира АХВ.
Според Агенцијата, навреме се преземаат сите мерки за заштита и за спречување на ширењето на болеста. Наскоро треба да пристигнат вакцините.
- До тогаш апелираме сточарите да се придржуваат до препораките за заштита на животните и фармите зашто само со соодветно и навремено преземени превентивни и мерки за заштита може да очекуваме дека бројот на заболени грла нема рапидно да се зголемува, наведува АХВ.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители