Македонија
7. August 2019 - 16:47

Од денеска во делот за државјанство ќе пишува: Македонско/граѓани на Република Северна Македонија

Државјанството е непознато кај  стотици граѓани кои изминатиот период добија изводи од матичната служба. Коси црти во графата државјанство наместо македонско стои во изводите кои ги издава службата. Согласно уставниот закон за спроведување на уставот во делот на државјанството стои дека одредбите од Амандманот XXXIII се применуваат веднаш по стапувањето на сила на законот.

„Во трка со времето граѓаните не забележуваат дека графата држајванство е празна и пречкртана. Согласно измените во Уставот по преспанскиот договор, во оваа графа треба да стои македонско/ граѓанин на Република Северна Македонија“

Од управата за водење најавија дека од денеска ќе биде пополнета графата државјанство ,но  тоа го видовме само во еден извод.

Директорот  на управата Бујар Дардишта не даде конкретно објаснување под изговор дека е на состанок. Претходно оттаму објаснуваа дека графата била празна бидејќи  морало да се спроведе соодветна процедура во електронскиот систем за издавање изводи од родени, венчани и умрени.