Бизнис
8. March 2021 - 16:44

Од 1-ви јули се укинува роамингот во земјите од Западен Балкан

Од 1 јули ќе се укине роамингот меѓу земјите од Западен Балкан. Македонците кога зборуваат на мобилен во Србија. Косово, Црна Гора, Албанија и Босна ќе плаќаат по цени како дома. За неколку месеци стартува втората фаза од потпишаниот договор во 2019-та година, кога цените за роаминг меѓу овие земји се намалија до 70%. 

-Тоа значи дека Македонците кога се во овие земји ќе зборуваат, праќаат СМС пораки, ќе користат интернет, по цени кои важат дома, зависно од договорот кој го имаат склучено со мобилниот оператот, изјави директорот на АЕК, Јетон Акику.

Македонија има потпишано договор за пониски цени и со Бугарија, но не може да се спроведе затоа што е земја членка на Унијата, каде важат други правила, односно веќе е укинат роамингот за ѓраѓаните на унијата. 

-Затоа ние сега бараме да се укине роамингот и со земјите члнеки на Унијата, веќе ги почнавме преговорите, но не се знае дали ќе треба дополнително секоја земја да потпишува договор со земјата членка на Унијата, или може сите 6 држави да се вклучиме во пакет, со што ќе се укине роамингот и со земјите чланки на ЕУ, изјави Јетон Акику, директор на АЕК.

Меморандум за соработка, со кој се очекува постепено намалување со целосно укинување на роамингот, Македонија има потпишано и со Грција. Динамиката за поевтинување на разговорите беше најавено дека ќе се прецизира до мај, јуни годинава. За полесна комуникација меѓу граѓаните кога се во странство, Македонија, Србија, Црна Гора и Босна уште во 2014-та година потпишаа договор за намалување на цените за разговорите на мобилен. Во 2019-та кон вакавата иницијатива се приклучија и Албанија и Косово.