Loading Video...
Фудбал
17. November 2018 - 9:24

Очекуван триумф на македонските фудбалери на гостувањето кај Лихтенштајн

Фудбалската репрезентација на Македонија ја оствари целта, победи против Лихтенштајн во меч од 5.коло во Лигата на Нациите. 

Нашите фудбалери на гостувањето во Лихтенштајн забележаа победа со 2-0 во претпоследната рунда од  четвртата група во Д квалификациската зона со што го зачува шансите за освојување на првото место во оваа фаза. 

До четвртиот триумф црвено-жолтите стигнаа во вториот дел, откако Барди на ефектен начин од слободен удар во 53.минута го постигна првиот гол, а Илија Несторовски на асистенција на од неговиот соиграч од Палермо, Александар Трајковски, во првата минута од судиското дополнение беше стрелец на вториот гол. 

Со оваа победа, но и убедливиот пораз на Гибралтар од Ерменија со 2-6, сега на нашите фудбалери доволен им е и нерешен резултат во последниот натпревар против Гибралтар кој ќе се игра во понеделник на арената „Филип Втори“ во Скопје, за да го потврдат првото место на табелата, на која Македонија е лидер со 12 бодови, пред Ерменија која има 9, односно Гибралар со 6 и Лихтенштајн со 3.