Балкан
13. February 2017 - 18:02

Обвинителството на Црна Гора бара одземање имунитет на двајца опозициски пратеници

Обвинителството на Црна Гора побара од Парламентот да одземе имунитет на двајца опозициски лидери осомничени за поврзаност со прорускиот заговор  за соборуавње на Владата.

Обвинителството побара одземање на имунитетот на Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ за да може да бидат приведени и евентуално, изведени пред суд.

Парламентарна комисија ќе заседава денеска пред да биде гласано за одземање на имунитетот.

Околу 20 луѓе меѓу кои и руски државјани беа обвинети за обид за преварт во денот на изборите во Црна Гора во октомври минатата година. Заговорот вклучвал и план за убиство на премиерот и соборување на владата за да се спречи членство на Црна Гора во НАТО. Мандиќ и Кнежевиќ се лидери на партии од Демократски фронт кои се против членство во Алијансата. Тие бараат референдум за членството.