Македонија
17. July 2018 - 16:49

Обвинителство го преквалификува делото - убијците на младиот Саздовски ќе одговараат за свирепо убиство

Наместо за насилство, тројцата осомничени за нападот врз Никола Саздовски ќе одговараат за увиство на свиреп начин. По сите обезбедени докази Јавното обивнителство го преквалификува делото. Клучен доказ за преквалификацијата е судско-медицинското вештачење кое до Јавното обвинителство било испратено вчера.

Од него неспорно произлегува динамиката на кривично-правниот настан во смисла на видот и карактерот на здобиените повреди кај лицето Н.С., а се утврдува и причинско-последичната врска на нанесените повреди и нивното влијание на смртниот исход. Истражната постапка против тројцата осомничени ќе продолжи за кривичното дело убиство, се вели во соопштението на обвинителството, во кое се додава дека за третиот осомничен кој се уште е недостапен ќе биде распишана домашна и меѓународна потерница, а двете лица кои веќе се наошаат во притвор ќе биде издадена наредба за медициско психијатриско вештачење.

Ваквата одлука следи откако МВР повеќе од 15 дена трага по третиот осомничен а вчера министерот Спасовски тврдеше дека имаат некакви сознанија но не откри дали ја напуштил државата. На вчерашниот масовен протест на Комити на кои им се придружија и голем број граѓани, таткото на Никола порача дека очекува правдата да биде задоволена.

Комитите пак револтирани од ненавремените реакции на институциите најавија повторно протест  во четврток. 20-годишниот Никола Саздовски беше брутално претепан до смрт на 29 јуни, на автобуска постројка во Автокоманда. По 10 дена во кома на КАрил, минатата недела им подлегна на повредите.