Македонија
2. July 2021 - 11:52

Обвинителен предлог за непочитување на полициски час против американски државјанин

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен државјанин на САД, кој на 28 мај се движел во општина Центар во часовите кога движењето на населението беше забрането како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, соопштија од ОЈО Скопје.

Со ова странскиот државјанин го сторил кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.​​