Македонија
26. February 2020 - 11:47

Обвинетите за 27 април не се чувствуваат за виновни

Класичен политички прогон е овој судски предмет, обвинија четворицата обвинети за случајот 27 април на кои им се суди дека се организатори на случувањата во собранието од 27.04.2017 година.

Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски рекоа дека не се чуствуваат виновни. Вељановски додаде дека ова е случај по нарачка на власта за притисок за гласање на уставните измени.

Обвинителката Вилма Русковска рече ќе се докаже оти обвинетите сториле кривично дело терористичко загрозување на Уставниот поредок на државата со цел спречување на мирно предавање на власта.

Таа во својот воведен говор цитираше и мисла од револуционерот Гоце Делчев

"Историјата не памети друг таков пример кога ист народ се разделува на толку различни страни, една од друга потуѓа".

 

Зоран Јаневски