-->
-->
Обрван: Подобро ќе беше ако Полска не го сменеше селекторот
-->
Машката ракометна репрезентација на Македонија попладнево во „ЕРГО арената“ во Гдањск го одработува првиот и единствен тренинг пред стартот на квалификациите за Олимписките игри во Рио летово.
Македонскиот селектор Ивица Обрван на средбата со новинарите уште еднаш го потенцира домашната репрезентација на Полска е прв фаворит во групата, не само поради квалитетот кој го поседуваат полските ракометари туку и поради фактот дека сега селектор на оваа репрезентација е Талант Душебаев тренерот на полскиот шампион Киелце.
„За нас ќе беше подобро Полска да не го менуваше селекторот. Не дека се плашиме од Талант, сепак играат ракометарите, а не селекторите, но тој ја има основата од Киелце. 70-80% од ракометарите се од Киелце и тој ги гледа секојдневно и работи со нив. Не чувствувам трема, мислам дека и јас и ракометарите сме подготвени и знаеме што е пред нас. Ова е шанса која не се укажува секој ден и верувам дека можеме да ја искористиме“, изјави Обрван.
Хрватот откри и колку тој и соработниците, но и ракометарите го чувствуваат неминовниот притисок пред вака голема шанса.
„Да бидам искрен не спиев најдобро последните денови. Но, не знам каков би бил тој човек кој би спиел мирно пред ваков предизвик. Нестрпливо очекувам да почне првиот и да заврши последниот трет меч и заеднички да се радуваме в недела“, истакна селекторот.
По тренингот Обрван треба да реши и кои двајца ракометари ќе останат надвор од тимот за првиот натпревар против Полска кој ќе се игра утревечер со почеток од 20 часот и 30 минути.
Во првиот натпревар од оваа квалификациска група ќе играат Тунис и Чиле против кои редоследно македонските ракометари ќе се сретнат во сабота и недела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 281
-
Се чека одлука за есенска потрошувачка кошница со пониски цени
-
КИНСИВ во М-НАВ ќе го истражува безбедносниот настан на небото над Скопје од 7 септември
-
Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков на разговор во МНР
-
Деветте нови лекови на позитивната листа од денеска во аптеките
-
Делегација од германскиот Бундестаг во посета на Собранието
-
Идентификуван напаѓачот на Трамп, инцидентот се истражува како „обид за убиство“
-
Состојба на патиштата