Ракомет
8. April 2016 - 23:14

Обрван: Гледам позитивно, утре е нов ден

По дуелот со Полска и поразот од 25:20 селекторот Ивица Обрван со македонските новинари го аналижираше натпреварот и дуелот што следи:

-Го пристнаа Кире Лазаров и го ослабеа нашиот напад. Денеска во нападот немавме проток на топка 30-40.минути. Имавме коректен резултат на полувреме. Со нов тренер играа цврсто, но ние создадовме шанси и промашивме. Со наши брзоплети удари испуштивме да биде и помал пораз. Нивниот голман беше на висина на задачата. Миркуловски беше запрен. Гледам позитивно не е срамота да се загуби од Полска во Полска пред толку луѓе. Утре е нов ден уверен сум во победа над Тунис и победа над Чиле и со две победи да обезбедиме пласман во Бразил.

За Тунис селекторот Обрван изјави:

- Утре најпрвин регенерација и договор. Ние сме подобра екипа од нив, успеавме и да ротираме играчи, останаа резерви. Со нашата желба да оствариме позитивен резултат имаме сили да го победиме Тунис впрочем и затоа дојдовме.