Обожавателите открија нов пропуст во серијата „Пријатели“
Иако од завршувањето на снимањето на серијата „Пријатели“ помина повќе од една деценија, благодарение на репризите на епизодите и интернетот, многумина и денес откриваат смешни сцени и пропусти во серијалот.
Така, неодамна беше „откриено“ дека Џои му се посмевал на Рос зад грб, најверојатно сосема непланирано, а сега е откриена уште една работа што повторно се одвива зад грбот на Рос.
Имено, русокосата статистка која во еден кадар глуми како пие кафе во омиленото кафуле на славната шесторка штотуку стана позната, затоа што имала само една задача, но ни неа не ја одработила како што треба.
Статистката требало спонтано во позадина на Рос да пие кафе. Иако во почетокот уверливо ја потпра празната чаша до устата, се чини дека заборавила дека треба да пие, а не да јаде, па во следната сцена почнува да џвака.
Грешката ја забележал еден обожавател на серијата и веднаш ја споделил на социјалните мрежи.
Некои ја бранеа девојката тврдејќи дека можеби нешто навистина јаде со кафето, но освен чашата на нејзината маса нема ништо друго.
Ново на Сител
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници