Македонија
28. October 2016 - 16:19
Обновена третата фасада во Старата чаршија
Промовирана е целосно реконструираната фасада на третиот објект во Старата скопска чаршија ,во рамките на Проектот за реставрација и конзервација на фасади на објекти во старото градско јадро.
Министерката за култура потенцира дека објектот поседува архитектонско стилски карактеристики од крајот на 19 и почетокот на 20 век.
При изведбата на работите покрај користење на наодите на самото место на локацијата, користени се и достапната фотодокументација како и бројни други сознанија од лица и институции- истакна директорката на Конзерваторски центар –Скопје.
Досега во Старата скопска чаршија се реконструирани три фасади на објекти, а уште две ќе бидат завршени до крајот на годината.
-
Марина Ристовска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->