Објавени имињата на сите жртви во несреќата во која загина Коби Брајант
Иако полицијата на Лос Анџелес чека официјални информации од истрагата и не ги објавува имињата на загинатите во хеликоптерската несреќа во која загина Коби Брајант, роднини и блиски на жртвите веќе се простуваат од нив на социјалните мрежи, а нивниот идентитет го открија и повеќе медиуми.
Во тешката хеликоптерска несреќа што се случи вчера во Калифорнија загина еден од најдобрите кошаркари во историјата на тој спорт Коби Брајант. Имаше 41 година.
Покрај него, загинаа уште осум луѓе, меѓу кои и неговата 13-годишна ќерка Џиана.
Во несреќата загина и нејзината соиграчка од кошаркарската екипа Алиса. Со неа биле и нејзините родители Џон Алтобели и Кери Алтобели. Џон Алтобели имал 56 години, а работел како тренер по безбол на еден колеџ во Оринџ Каунти. Тој и сопругата ја придружувале ќерката на натпреварот, кој требало да се одржи напладне
Ќерката на Брајант, Џиана и Алиса заедно играле кошарка за Мамба академијата. Алтобели редовно патувал на натпреварите на својата ќерка.
Меѓу загинатите е и тренерка по кошарка во едно приватно училиште во Оринџ Каунти.
– Децата и јас сме скршени. Ја загубивме нашата прекрасна сопруга и мајка. Ве молиме да ја почитувате нашата приватност. Ви благодарам на вашата поддршка, многу ни значи, напиша нејзиниот сопруг на Фејсбук.
Според Си-би-ес, во несреќата загинале и Сара Честер и нејзината ќерка Пејтон.
Пилoтот бил Ара Зобајан.
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024