Македонија
14. August 2017 - 20:37

Објавени фотографии од местото каде беше убиен Дилавер Бојку Леку

Ова е местото каде што беше убиен Дилавер Бојку, МВР сеуште без детали. Ова е насловот на агенцијата ИНА, која објави и фотографии од местото на настанот каде беше убиен Дилавер Бојку Леку. 

Тој со куршум во челото беше убиен 15 минути пред 17 часот попладнево на плажата Аква Блу во Струга каде стопанисува со повеќе објекти. 

Напаѓачот истрелал неколку куршуми и избегал со мотор.