Loading Video...
Свет
19. January 2021 - 19:46

Новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе положи заклетва на функцијата утре на пладне на церемонијата во американскиот главен град Вашингтон

 На некој начин, инаугурацијата ќе биде слична на претходната - Бајден ќе положи заклетва на скалите на Капитол, а потоа ќе  се  пробие до Белата куќа. Но, со настанот што се случи пред само две недели откако приврзаниците на претседателот Трамп упаднаа во Капитол – како и поради глобалната пандемија - ќе има многу разлики.

Припадници на националната гарда се распоредуваат низ Вашингтон а се очекува до утре нивниот број да достигне 25.000. За споредба, за инаугурацијата на Трамп беа распоредени 8.000 припадници на безбедносните структури.

Улиците низ градот се под посебни блокади а дозволено е движење само на резидентите и одредени бизниси. Во ц рвената рестриктивна зона е дозволено да се движат само овластени лица.

За време на инаугуративната церемонија нема да има толпа на луѓе- уште пред нападот на Капитол Бајден побара приврзаниците да останат дома за настанот да не се претвори во ковид кластер. Стотината гости кои ќе седат на столиците на западната страна од Капитол ќе мора да држат растојание, да носат маска и да покажат негативен ковид тест направен непосредно пред церемонијата. За споредба, за време на церемонијата за Обама, беа собрани близу 2 милиони поддржувачи. Сега празниот простор е исполнет со 200.000 американски знамиња.

Во Белата куќа, Бајден нема да биде пречекан од досегашниот претседател Трамп што е уште едно отстапување од долгогодишната традиција. Меланија и Доналд Трамп  утре изутрина ќе го напуштат домот и со претседателскиот авион ќе заминат на Флорида.