Ново рочиште за обвинетите за „Дива населба“
Ново судско рочиште против обвинетите за тероризам во случајот „Дива населба“ денеска треба да се одржи во големата сала на Врховниот суд.
Судењето претходно беше два пати одложувано, на 31 мај бидејќи судската полиција на Врховниот суд не им дозволи на адвокатите на обвинетите во процесот да влезат во салата, и на 27 мај поради болест на судијката Верка Петковска.
Судењето за „Дива населба“ ќе се одржува во големата сала на Врховниот суд, бидејќи во Основниот суд Скопје 1 нема просторни и безбедносни услови за одржување на судењето во кое има голем број обвинети.
Судот на почетокот на овој месец донесе одлука со овој предмет да ја спои постапката со случајот „Молња“, односно со логистичарите кои беа уапсени пред неколку месеци. За настаните од „Дива населба“ обвинети се 29 лица, а како логистичари осум лица.
На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак