Ново рочиште за „Дива населба“ закажано за 10 март
На денешното судско рочиште за случајот „Дива населба“ пред Судот покрај жители од кумановската населба сведочеа полицаец и командир од полициската станица „Пелинце“. Сведоците беа предложени од страна на обвинителството.
Сведокот Зоран Станојковски кој е претпоставен на обвинетиот полицаец Арсим Бајрами, а кој се товари за логистика на вооружената група, објаснуваше зошто Бајрами не се појавил на работа на денот на акцијата.
Станојковски рече дека Бајрами го известил дека не може да дојде, бидејќи ќерка му е болна и ќе побара боледување.
Покрај обвинителот и адвокатите, прашања на Станојковски му поставуваше и обвинетиот Бајрами, кој меѓу другото го праша дали како негов претпоставен знаел дека е испрашуван без негово присуство.
Станојковски рече дека се познава со Бајрами од 2009 година дека тој бил командир на Полициската станица „Белановце“, но поради дисциплински прекршок бил прераспределен во Полициската станица „Пелинце“.
Во судницата сведочеа и жители на „Дива населба“ кои тврдеа дека полицијата пукала во куќите, а семејствата на двајца од сведоците го напуштиле домот пред акцијата и заминале на гости кај роднини.
Во случајот „Дива населба“ се обвинети вкупно 29 лица за тероризам и терористичко организирање за случувањата од 9 и 10 мај во кумановско. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.
Судскиот процес за „Дива населба“ продолжува на 10 март со сослушување на нови сведоци.
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти