Ново киднапирање ја потресе Македонија
Уште едно киднапирање ја потресе Македонија. 18 годишна девојка од гостиварско Дебреше била киднапирана од момче со кого се запознала преку социјалните мрежи.
Осомничен за лишувањето од слобода е момче од од тетовски Пирок. Според пријавеното девојката од Дебреше со грабнувачот преку социјалните мрежи се запознала пред повеќе од два месеци преку социјалната мрежа Инстаграм.
И двајцата на 6-ти минатиот месец се сретнале во фризерски салон во Гостивар, од каде според кажувањето на девојката момчето од Пирок насилно ја внесол во неговото возило и заканувајќи и се дека ќе и го убие сопругот и други членови на семејството и го одзел мобилниот телефон и ја однесол во неговата куќа во Пирок.
Додека била во куќата на девојката според полицискиот билтен не и бил дозволен никаков контакт, но вчера околу 16 часот и 30 минути таа успеала да им се јави на родителите и побарала да дојдат да ја земат.
Сите инволвирани повикани се во СВР Тетово, разговарано е со нив и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара