Џет-Сет
21. April 2016 - 15:21

Ново име за осмото продолжение на „Брзи и бесни“ - Кој ќе го замени трагично загинатиот Пол Вокер?

„Универзал студио“ претстави уште едно ново име за осмото продолжение на „Брзи и бесни 8“. Покрај Шарлиз Терон, во осмото продолжение на популарната филмска серија својот ангажман го потврди и Скот Иствуд, син на легендарниот актер Клинт Иствуд.
 
Иако засега не е познато која ќе биде неговата улога, многумина претпоставуваат дека Скот ќе глуми полицаец на тајна задача, баш како и починатиот Пол Вокер, кој се прослави со таквата улога во филмот.
 
Иствуд и Вокер биле блиски пријатели, па затоа оваа улога за Скот е посебна.
 
Тешко е да се изразам со зборови колку сум возбуден што ќе бидам дел од новите „Брзи и бесни 8“. За мене тоа е многу повеќе од една филмска серија. За мене тоа е еден вид наследство, напиша меѓу другото Скот на својот профил на „Инстаграм“ и додаде: „Пол, ќе те направам горд“.
 
Осмото продолжение на „Брзи и бесни“ со Џејсон Статам, Вин Дизел и Мишел Родригез во главните улоги ќе почне со прикажување на 14 април в година.