Македонија
23. September 2016 - 16:04

Ново детско игралиште во Инџиково

Во Инџиково пуштено е во употреба ново детско игралиште, кое се наоѓа до игралиштето за мал фудбал во ова населено место. 

Како што информира општина Гази Баба, на игралиштето се поставени лулашки, клацкалки и лизгалки, а поставени се и канти за отпадоци и клупи.

Фирмата која ги изведуваше работите е „Дан-Са Трејд“.