Loading Video...
Свет
10. May 2021 - 12:27

Нови судири меѓу Израелската полиција и палестинските демонстранти во Ерусалим

Нови судири меѓу Израелската полиција и палестинските демонстранти во Ерусалим поради иселувањето на палестинските семејства од делови на Источен Ерусалим. Насилството се случи во комплексот на џамијата Ал-Акса, третото најсвето место во исламот.

Во судирите се повредени стотици лица, од кои педесеттина се хоспитализирани, објави палестинската Црвена полумесечина.

Изралеската полиција соопшти дека работи на запирање на насилатвата на Платото на џамиите, но и во другите делови на Стариот град на Ерусалим.

Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш смета дека Израел мора да покаже максимална воздржаност и почитување на правото на мирно собирање, изјави портпаролот на Светската организација

Тој го повикува Израел да престане со уривање и иселување на палестинците, и побара да се почитува статус кво на светите места.