Македонија
10. August 2022 - 19:43

Нови случаи на африканска чума се регистрирани на истокот на земјата

Свинскиот фонд на истокот од земјата под закaна да биде десеткуван по регистрирањето на двa нови случаи на африканска свинска чума во Кочанско. Присуство на вирусот е потврдено кај свињи во одгледувалишта во с. Тркање и с. Пресека, кои меѓусебно се оддалечени 26 км. Пред само две недели, Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе официјална контрола во одгледувалиште со екстензивен начин на чување свињи во с. Моштица, Македонска Каменица.

  • Случаите епидемиолошки не се поврзани со тие од Македонска Каменица, барем досега од нашата епидемиолошка истрага што ја спроведовме. Ниту некој од домашните, ниту имало некоја посета, значи епидемиолошка поврзаност нема со случаиете во М. Каменица- изјави Вања Кондратенко, раководител на сектор за здраствена заштита,АХВ

Во радиус од 3 км од жариштето ќе биде извршена депопулација на сите свињи, а колку ќе бидат уништени зависи од епидемиолошката состојба.

  • Сега екипите се на терен и колку свињи ќе бидат уништени, не можам да ви кажам во овој момент- додаде Кондратенко

За запирање на ширење на болеста, многу е важно раното откривање и доколку фармерите забележат симптоми треба веднаш да пријават во Агенцијата.

  • Исто така, многу е важно за нив дека, Агенцијата врши исплата за одземени свињи. Доколку чекаат долго време и не пријавуваат, свињите најверојатно ќе умрат и ние не исплаќаме за умрени свињи- изјави Кондратенко

Нема точен симптом кој наведува на болеста, но најчесто е престанок на земање на храна, апатија, зголемена температура, кашлање и дијареа.