Свет
8. May 2017 - 21:28

Нови антивладини протести во Венецуела

Венецуелската опозиција денеска повторно излезе на улица во знак на протест поради настојувањето на претседателот Николас Мадуро да го реформира Уставот.

Приврзаниците на оппозициската партија Округла маса за демократско единство (МУД) се собраа во источниот дел на Каракас и маршираа до зградата на Министерството за образование под мотото „Не на диктатурата“.

Тие го обвинуваат Мадуро за економската криза која предизвика недостиг на храна и тврдат дека со уставната реформа ќе се спречат обидите за организирање на предвремени избори.

Владата во меѓувреме ги повика своите приврзаници да организираат контрапротести.

Во судирите во протестите, што почнаа на први април загинаа 36 лица, а стотина се повредени.