-->
-->
Нови американски амбасадори во Косово и Црна Гора
-->
Стејт департментот најави промени на амбасадорите во американските мисии во Црна Гора, Косово и Молдавија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
На редовниот прес брифинг портпаролката Хедер Нојерт синоќа најави дека нов амбасадор во Косово ќе биде Фил Коснет, кој доаѓа на местото на досегашниот шеф на тамошната мисија Крег Делави.
Во Црна Гора, новиот амбасадор на САД ќе биде Џуди Рејнке, која е распоредена на местото на нејзината колешка Маргарет Јуехера.
Нов американски амбасадор добива и Молдавија, каде досегашниот шеф на тамошната мисија ќе биде заменет со Дерек Хорат, дипломат од кариера.
Стејт департментот исто така најави промени на амбасадорските места во низа африкански и азиски земји.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинителството отвори постапка за новите бомби објавени на Јутјуб
-
Заев: Треба да ги следиме препопраките на Венецијанската комисија
-
Емил Димитриев: Фабриката „Кранфилд фаундри“ во Пробиштип е отворена со договор со претходната Влада
-
Спасовски: Соработката на полициите на РМ и Словенија на извонредно високо ниво
-
Ципрас: Мицотакис со три раце ќе потпишеше договор како тој од Преспа
-
Скопје домаќин на состанокот на партнерите во ЕУ проектот за паметни градови „MAtchUP“
-
Николовски демантира дека немало парно греење во студентскиот „Стив Наумов“
-
ВМРО-ДПМНЕ: 2019 е економски најлоша година