Новата кампања „Без изговори“ на РСБСП спроведена во Гевгелија
Новата едукативна активност на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата насловена „Без изговори“ која во себе содржи порака дека не постои доволно важен и силен изговор да настрадаш и да го загрозиш својот или животот на некој друг учесник во сообраќајот, денека се спроведува меѓу гевгеличани.
Според организаторот, кампањата има јасна цел да ја подигне свеста за последиците од сообраќајните незгоди кај секој поединец преку континуирана едукација за безусловно одговорно учество во сообраќајот и да влијае на дисциплинирано однесување кога станува збор за почитување на правилата и прописите.
Статистиката покажува дека изговорите се уште се лоша навика и дека големиот број сообраќајни незгоди кои се случуваат секојдневно се показател за тоа.
Гевгелија е седми град посетен од екипата на РСБСП, а кампањата која почна да се спроведува пред Нова година, според кажувањата на организаторите ќе продолжи во сите поголеми градови во Македонија.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи