Фудбал
9. March 2018 - 15:12

НОВА ТРАГЕДИЈА: По смртта на Астори уште еден млад фудбалер почина во сон

Уште еден фудбалер почина во сон и тоа само неколку дена по смртта на Давиде Астори, капитенот на Фиорентина.

Станува збор за младиот фудбалер на Тур, 18-годишниот Томас Родригез, кој починал во тренинг-центарот на францускиот второлигаш.

Родригез се наоѓал на почетокот од својата кариера и веќе имал неколку настапи за резервниот тим на Тур.

-За жал, по новата фудбалска трагедија со смртта на Томас Родригез (18 години) принудени сме да го одложиме натпреварот меѓу Тур и Валенсиен што требаше да се игра денеска. Сите натпревари од првата и од втората француска лига ќе почнат со една минута молчење – се вели во соопшштението од француската лига.