Loading Video...
Ф1
26. September 2020 - 15:41

Нова пол-позиција за Луис Хамилтон

 
 
 
Светскиот првак и лидер во Генералниот поредок, Луси Хамилтон повторно обезбеди пол-позиција, осми пат сезонава. 
 
Британецот оствари најбрзо време во квалификациите на патеката во  олимписко Сочи, каде уште ќе се вози десеттата трка во Формула 1 шампионатот, а за Големата награда на Русија.
 
Макс Верстапен се потруди да ги раздвои двата боолиди на Мерцедес, па така пилотот на Ред Бул ќе ја има втората стартна позиција, а од третата ќе започне Валтери Ботас, кој заедно со Серхио Перез ќе го пополнат вториот ред. 
 
Во пресрет на утрешната трка лидерот во Генералниот поредок Хамилтон има 55 бодови повеќе од Ботас, односно 80 од трето рангираниот Верстапен.