Loading Video...
Ф1
4. July 2021 - 16:39

Нова победа на Верстапен, сега на австриско Гранд-при

Макс Верстапен ја оствари петта победа сезонава во  Формула 1 првенсвото. 
 
Холанѓанецот втор пат во низа за само седум дена беше најдобар на патеката „Ред Бул Ринг“, каде овојпат се возеше трката за Големата награда на Австрија. 
 
Возачот на Ред Бул повторно ја искористи пол-позицијата и без проблеми го сочува првото место. 
 
Покрај него на пиедесталот се искачија Валтери Ботас од Мерцедес како второ рангиран и Ландо Норис од Мекларен кој трет ја мина целната рамнина.
 
Актуелниот шампион Луис Хамилто трката ја заврши како четврто рангиран. 
 
Верстапен кој е лидер во генералниот пласман сега ја зголеми предноста во односно на второ пласираниот Хамилтон па таа сега изнесува 38.бодови 
 
Следната трка на програмата е на 18 јули на патеката Силверстон каде ќе се вози британското Гранд-при.