Loading Video...
Кошарка
25. January 2023 - 17:34

Нова победа на Пелистер во АБА2 лигата

Кошаркарите на Пелистер ја забележаа петата победа во АБА2 лигата. Битолчани  славеа убедливо со 99-71 во дуелот со босанскиот претставки Спарс.
 
Со 23 постигна поени Американецот, Карпентер, беше најефикасен во победничката екипа за која додека Караџовски постигнма 22, а двоцифрени беа и Крутерс (19), Хаџифејзовиќ (16) и Маслико (12).
 
Ова беше натпревар од 8.коло, во кое вчера вториот македонски претставник тимот на ТФТ загуби од Шенчур од Словенија со 74-91.
 
Утре скопската екипа ќе игра против Широки од 15 часот, термин во кој ден подоцна Пелистер се среќава со црногорската екипа Сутјеска.