Свет
3. October 2019 - 11:01

Нова истрага против новинари обвинети за шпионажа во Камбоџа

Суд во Камбоџа наложи нова истрага и одложи донесување пресуда на судењето на двајца новинари од едно радио финансирано од САД, кои се обвинети за шпионажа.

Уон Чин и Јенг Сотерин беа уапсени во ноември 2017 година за време на акција против медиуми и противници на Владата на премиерот Хун Сен.

Тие се обвинети дека ја загрозиле државната безбедност затоа што доставувале информации за друга држава, а за тоа, ако бидат осудени, се соочуваат со казна до 15 години затвор.

Новинарите, кои се бранат од слобода, ги негираат обвинувањата.