Loading Video...
Ракомет
6. October 2018 - 19:08

Нова голема победа на Вардар во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар ја продолжуваат победничката низа во елитната Лига на шампиони    
 
Во првиот дел германскиот тим постојано ја имаше резултатската предност, не дозволувајќи им на вардарци во ниту еден момент да дојдат во водство, па на паузата Р.Н.Левен замина со два гола предност 12-15. 
 
Затоа пак по нецели 4.минурти игра во второто полувреме четата на Парондо, со серија 4-1, за прв пат дојде во водство со 17-16.
 
Во 50-тата минута Вардарци имаа и најголеми 3 гола предност (27-24), но му дозволија на противникот одново да се врати во игра. 
 
Тогаш на сцена стапи Милосављев кој со неколку чудесни одбрани и вкупно 11 интервенции, беше еден од најзаслужните за победата со конечни 29-27. 
 
Диборов со 8 голови беше најефикасниот во составот на Вардар за кој Борозан и Карачиќ постигнаа по 4 гола. 
 
Следен противник на Вардар е тимот Кјелце против кој црвено-црните ќе играат следната недела (14.10.) на гости во Полска. 
 
Утре, Металург гостува кај Силкеборг во Данска,а мечот кој ќе започне од  15:10 часот.