Нова драма во американски авион: Полетале за Лондон, а потоа им пламнал моторот во воздух
Нов инцидент се случи во американскиот воздушен простор кога мотор на авион се запали среде летот кон Лондон.
Авион на американската авиокомпанија Делта принудно слета во Атланта, само половина час по полетувањето. Имено, околу 18 часот по локално време забележано е како се крева чад од десниот мотор поради што авионот свртел и се вратил на аеродромот од каде и можел да се види пламенот.
Патниците при слетувањето се евакуирани, а авионот е упатен во хангар на увид и поправка.
На авионот кој летал за Лондон, се наоѓале 274 патници и 14 членови на екипажот.
Патниците рекле дека пилотот добро изреагирал и квалитетно ја одрадил работата во критичниот момент.
Новиот инцидент се случил само еден ден откако среде лет експлодираше мотор на авион и една патничка загина.
Ново на Сител
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО