Свет
11. August 2015 - 21:00

Нова димензија на теророт на ИД: Ги седнаа на бомби и ги разнесоа

Озлогласеноста на Исламската држава е добро заслужена и поткрепена. На интернет се појави уште едно пропагандно видео на кое, по кој знае кој пат, се докажува дека терористите се подготвени да ја докажат својата бруталност. Овој пат погубија десетина заложници на најужасен можен начин.

Џихадистите прво на една ледина во Авганистан ископаа дупки кои ги наполнија со бомби. Потоа десетина затвореници со превез на очите ги натераа да клекнат на бомбите.

Foto: ISIS

Една детонација беше доволна за секунда да се збришат десет животи, На крајот од снимката се гледа како делови од телата летаат во воздух.