Нов Зеланд во црвено ниво на закана поради Омикрон
Нов Зеланд од денеска преминува во црвено, највисоко ниво на тревога поради откривањето на 12 случаи на зараза со омикрон во земјата, соопшти премиерката Џасинда Ардерн на веб-страницата на Владата.
– Знаеме дека зараза со омикрон веќе се појави и на Северните и на Јужните Острови и оти се пријавени неколку инфекции на неколку места, рече Ардерн. Таа истакна дека најмалку двајца носители на новиот вид учествувале на масовни настани и најверојатно го пренеле вирусот на значителен број луѓе во земјата. – Нашата стратегија е да го забавиме ширењето на сојот Омикрон и вклучува мерки како што се употреба на маски и ограничување на бројот на учесници на сите видови настани, што исто така ќе го намали товарот врз нашиот здравствен систем. Ќе продолжиме брзо да ги тестираме луѓето, да ги следиме нивните контакти и да ги изолираме, нагласи Ардерн. Таа ги повика жителите на земјата што поскоро да примат бустер вакцина, доколку поминале најмалку четири месеци од примањето на втората доза од вакцината.
– Треба да ги искористиме следните недели пред значително да се прошири вирусот за да им помогнеме на што е можно повеќе луѓе да добијат бустер доза. Местата за вакцинација денеска се отворени низ целата земја и ќе го зголемиме капацитетот во текот на целата недела, рече Ардерн.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто