Свет
25. April 2016 - 18:39

Нов терорстички напад - Најмалку 11 луѓе загинаа

Најмалку 11 луѓе загинаа при експлозија на автомобил-бомба во шиитски кварт во источен Багдад. Во инцидентот повредени се 39 лица.

Тоа е трета експлозија во Багдад во изминатите четири дена.

Се уште никој не презеде одговорност за нападот што се случи во близина на кино во Ал Џадида.

Сунитската група Исламска држава, која презеде одговорност за двата напади за време на викендот, често ги напаѓа шиитските квартови и трговски објекти.