Бизнис
20. јуни 2019 - 16:24

Нов софтвер предизвика кус застој на царините

Новиот царински софтвер направи  застој на граничните премини. Превозници за Сител посочија дека поради новиот систем на граница  чекале со  часови,  па дури и по неколку денови. Од царинската управа потврдија дека поради новитетите  имало застој, но велат дека тој бил само неколку часа. Од таму уверуваат дека проблемот веќе е надминат и  нема подолги задржувања  на граничните премини.

Ноќта помеѓу 18 и 19 јуни од 2и 30 часот по полноќ настанати се повремени прекини односно 2 пати по 2 часа на достапноста на системот за обработка на царински декларации и акцизни документи. Прекините се од техничка природа. Но во текот на вчерашниот ден проблемот е надминат. Во тој период не се забележани дополнителни проблеми, Системот фунцкионира  и нема никакви застои на граничните премини, се вели во дописот од царинската управа.

Од управата уверуваат дека новиот систем  е еден од најсовремените но и најкомплексни системи со кој се опфаќаат сите царински и акцизни постапки кои се користат во земјите на ЕУ. Превознците очекуваат тој да го намали времето на чекање и да овозможи побрз проток на стоки.

Најфреквентни гранични премини се Богородица и Табановце. Токму овие прмеини ги користат и странските превозници како транзитен коридор за влез во други држави.