Loading Video...
Фудбал
15. May 2021 - 19:14

Нов, седми гол за Пандев во Серија - А

Нов блесок на  капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев во италијанското првенство.  Иако влезе во вториот дел на средбата Џенова – Аталанта  3-4,  Пандев за кратко ја потврди својата екстра класа со асистенција и погодок со кој неговата екипа го ублажи водството на гостите на 2-3.  Сепак  и покрај добрата игра  на нашиот интернационалец поразот не беше избегнати и со оваа победата  екипата од Бергамо го прослави новиот пласман во Лигата на шампионите. 
Горан  Пандев  има вкупно 7 погодоци  и 3 асистенции за Џенова во годинешново првенство .
Добар меч одигра и  Езџан Алиоски  кој со својот Лидс славеше со 4-0 на гостувањето кај Барнли. 
Гостите до победата дојдоа со головите на Клих, Харисон и Родриго кој беше стрелец на два гола. Алиоски на оваа средба запиша асистенција по што Харисон го постигна вториот погодок за Лидс со кој беше најавена убедливата победа. 
Во втората македонска лига  убедлива победа на Брегалница од 3-0 против Тиквеш  со што сините ја потврдија титулата во втората лига Исток.
Во дербито од западната конференција  Скопје убедливо со 3-0 го совлада тимот на Велешта по што Охрид иако загуби со 1-0 од ФК Тетекс е игра во баражот за пополнување на Прва лига. Штофарите пак со оваа победа  обезбедија опстанок во второлигашкото друштво.