Балкан
9. January 2016 - 15:32

Нов протест на опозицијата во Приштина

Приврзаници на косовската опозиција во Приштина денеска одржуваат нов протест на кој повторно бараат поништување на Бриселскиот договор што се однесува на формирањето на Заедницата на српски општини и договорот за демаркација на границата со Црна Гора.

Тие се собраа пред  зградата на Филолошкиот факултет во Приштина и се упатија кон центарот на градот кон Парламентот и Владата.

Во градот, како што јави Танјуг, распоредени се голем број полицајци, и блокирани се улици.

Засилено присуство на полицијата е регистрирано и на магистралните патишта кои водат од Косовска Митровица, Гњилане и други градови кон Приштина.