Loading Video...
Тенис
12. September 2019 - 15:20

Нов пораз на македонските тенисери во Дејвис купот

Нов пораз на македонските тенисери во Дејвис Купот. Откако вчера загубија до Естонија, денеска македонските тенисери се поразени од Летонија.
 
Во рамките од 3-тата зона на Дејвис купот чии средби се играат во Атина,  Македонија е поразена од Летонија со 3-0 во дуелот од 2.коло на Б групата.
 
Димитар Грабул загуби од Роберт Стромбахс, во првиот сингл меч, и тоа во два сета во тај-брејк (7-6, 7-6). 
 
Во вториот меч, Горазд Србљак беше надигран од Мартинс Подзус со 6-1 и 6-2,
 
Во мечот Лука Љубен Андонов и Берк Бугариќ  загубија од летонската двојка  (Лаздинс Подзус) со 0-2 по сетови 1-6 и 3-6
 
Утре противник на Македонија ќе биде селекцијата на Црна Гора