Македонија
26. May 2019 - 18:27

Нов напад од куче во Скопје

Куче скитник нападна 74-годишен маж од скопската населба Драчево. Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 14,00 часот во Полициската станица Драчево В.Б.(74) од Скопје пријавил дека истиот ден  околу 10 часот на локалниот пат с.Драчево-с.Долно Лисиче додека управувал велосипед бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.